Кога одекнала веста за смртта на Тито цел стадион занемел - 50.000 гледачи на трибините биле во шок
Јосип Броз Тито (1892 – 1980), доживотниот претседател на СФР Југославија починал на денешен ден пред 39 години.
Тито починал во 15:05 часот во недела на 4ти мај на 88-годишна возраст во болница во Љубљана.
Во моментот на објавата за неговата смрт на стадионот „Плљуд“ се играла 43та минута од фудбалскиот натпревар меѓу Хајдук и Црвена Ѕвезда, која водела со 1:0.
Точно во 19:12 часот на терен влегол еден човек и дал знак на судијата Нусреф Мухаремагиќ да го прекине натпреварот.
Потоа играчите се собрале околус удијата на средината на теренот, а околу 50.000 гледачи на трибините останале во шок.
На изненадената публика и играчите преку разглас им се обратил претседателот на Хајдук и претседател на Извршниот совет на Сплит Анте Скатаретико кој ја соопштил веста за смртта на претседателот Тито и ги повикал сите приустни со минута молчење да му одадат почит.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек