Кибер напад врз руското Министерство за одбрана
Кибер напад беше извршен врз официјалната веб-страница на руското Министерство за одбрана со одбивање на услугата (DDoS). Ова го соопшти денеска за руски медиуми извор од Министерството.
„Експерти од МО работат на спротиставување на напад ДДоС врз официјалната веб-страница на Министерството“, рече тој. Како резултат, страницата беше привремено недостапна, но нејзината содржина сега е повторно достапна.
Министерството потврди за нападот, и дека „корисници може да наидат на потешкотии со пристапот до содржината“ на страницата.
Според Министерството, изворот на нападот е надвор од Руската Федерација. Најновите големи кибер напади врз руски интернет-ресурси беа за време на годинашната Директна линија на 30 јуни со претседателот Владимир Путин.
Тогаш беа нападнати дигиталните системи. Слични напади имаше и за време на „Директната линија“ во 2019 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство