Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва
Русија ќе одговори доколку Јужна Кореја го испрати своето оружје во Украина, а таквиот потег на Сеул би имал негативни последици за односите со Москва, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.
„Сеул мора да биде свесен дека евентуалната употреба на јужнокорејско оружје за убивање руски граѓани конечно ќе ги урне односите меѓу нашите земји. Секако, ќе одговориме на сите начини на кои сметаме дека се неопходни“, изјави Руденко за ТАСС.
Тој истакна дека таквиот чекор веројатно нема да ја подобри безбедноста на Јужна Кореја и го повика Сеул внимателно да ја процени ситуацијата и да не презема „непромислени“ чекори.
Руденко истакна дека се надева оти раководството на Јужна Кореја своите одлуки ќе ги заснова на долгорочни национални интереси, а не на, како што наведе, краткорочни опортунистички размислувања кои му се пренесуваат однадвор, пренесува Танјуг.
Ново на Сител
-
Телото на исчезнатиот израелски рабин Зви Коган пронајдено во ОАЕ
-
Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1
-
Вооружен маж застрелан, тројца полицајци повредени во пукање во близина на Израелската амбасада во Јордан
-
Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА
-
Бајден го нарече „историски“ договорот постигнат на КОП29
-
„Бербер шоу“ во Скопје по повод месецот на машкото здравје
-
Повеќе од 50 загинати во израелските напади во Либан
-
Министрите за надворешни работи на ЕУ го блокираа предлогот на Борел за прекин на дијалогот ЕУ-Израел поради војната во Газа