Кери пристигна во Москва
Американскиот државен секретар Џон Кери денеска допатува на дводневна посета во Москва, за време на која треба да се состане со претседателот на Русија Владимир Путин.
Кери ќе разговора и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Танјуг.
Според зборовите на портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, Путин ќе го прими Кери в четврток со цел да разговаат за ситуацијата во Сирија и за договорот од Минск за Украина.
Американскиот Стејт департмент го објави дневниот ред на разговори во Москва според кој се предвидени темите: поддршка и воспоставување на мир во Сирија, хуманитарна помош, поддршка на политичката транзиција во Сирија и борбата против Исламската држава.
Русија се надева дека посетата на Кери ќе помогне и за нормализација на билатералните односи на двете земји, пренесуваТАСС.
Кери денеска би требало да се состане и со германскиот министер за надворешни рабти Франк Валтер Штајнмаер, кој во моментов е во посета на Русија.
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ