Свет
28. March 2025 - 11:54

Мјанмар спроведува итна крводарителна акција поради големиот број повредени во земјотресот

Властите на Мјанмар oбјавија итна крводарителска акција поради големиот број повредени во земјотресот што денеска ја погоди земјата.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди регионите Сагаинг, Мандалај, Магвеј, како и североисточните држави Шан, Најпидау и Баго.

Во соопштението на Државниот административен совет на Мјанмар се наведува дека бројот на жртви и повредени е голем.

Поради итната потреба од крв, властите ги повикаа дарителите веднаш да контактираат со болниците и да даруваат крв.

Медиумите објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина. Од Руската амбасада во Мјанмар изјавија дека не добиле извештаи за руски жртви.