Македонија
28. March 2025 - 12:27

Се чешлаат објектите во Охрид

Контролите на кабареата ,ноќните клубови и дискотеките во Охрид се завршени и наскоро се очекува конечна информација кои ќе продолжат со работа.Од вкупно шест објекти кои биле предмет на инспекциски надзор од кои едно диско клуб, три кабареа и два ноќни клубови на три им е изречена забрана за работа се до исполнување на минимално техничките услови.

Се чешлаат и образовните институции а во станбените згради се работи на оспособување или ставање во функција на хидрантската мрежа особено во постарите згради каде најчесто хидрантите се вон употреба и нефункционални.

Деновие ќе се спроведат инспекциски надзори и во хотелите и оние објекти кои организираат прослави се со цел утврдување на минимано техничките услови и категоријзација на ресторани.