Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
Туристичкиот потенцијал на нуркањето е огромен, но многу малку искористен.И додека во големите туристички центри за оние туристи кои сакат активен одмор нуркањето зазема едно од првите места во понудата на хотелите и туристичките агенции и водичи кај нас сликата е сосема поинаква.
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот, а пештерата Врело, која е една од најдлабоките во Европа, според Јакимоска од нуркачкиот клуб Врело, ја посетуваат нуркачи од Русија, Полска, Чешка, Шпанија, Мексико.
Подводни фотографии и видеа од охридските нуркачки клубови се шират на социјалните мрежи, а се неизоставен дел и од туристички брошури, но потребно е нуркањето да се вклучи во туристичката понуда .Најинтересни локации за нуркање на Охридското езеро се на потегот од Љубаништа до Градиште, посочуваат нуркачите.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар