Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
Најмалку шест лица загинаа, а деветмина се повредени при потонување на туристичка подморница во близина на египетското одморалиште Хургада на Црвено Море, објави египетскиот весник „Ал Ахрам“.
Во подморницата имало 45 руски државјани, а 29 лица се спасени.
Подморницата Синдбад со години превезувала туристи да го истражуваат подводниот свет на Црвено Море, а според веб-страницата на компанијата што управува со неа, таа е една од само 14-те туристички подморници во светот. Подморницата имала капацитет за 44 патници и се спуштала на длабочина од 25 метри, нудејќи поглед на околу 500 метри корален гребен.
На крајот на ноември туристичкиот брод потона во Црвено Море во близина на одморалиштето Марса Алам, при што 11 луѓе загинаа, а 35 се спасени.
На почетокот од февруари туристички брод потона во близина на Џабал ал Зајт, северно од Хургада. Сите луѓе на бродот беа спасени.
Туризмот е клучен извор на девизи за Египет, а руските туристи се меѓу најбројните посетители.
Ново на Сител
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно
-
Палестински извори: Најмалку 36 загинати во израелските напади во Појасот Газа
-
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
-
Обвинителство бара мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК за предметот „Адитив“
-
Љутков за исплата на платите на културните работници: Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска
-
Околу 25.000 луѓе во Турција се „напушиле“ откако полицијата запали над 20 тони запленет канабис