Џет-Сет
8. November 2015 - 11:49

Каролина Гочева конечно откри нешто што ги интересира сите мажи

Нашата поп ѕвезда Каролина Гочева во интервју за еден српски магазин открива некои работи за себе. Не се доживува како класична жена и не сака драстични промени.

Сака природен изглед, без премногу детали и нападна шминка. Знае што и стои најдобро и најважно и е да се чувствува удобно во својата кожа.

За Каролина секоја заљубена жена сјае од внатре и ништо друго не се менува. Нејзиниот изглед и стил никогаш не зависеле од љубовниот статус, дури мисли дека жените повеќе се средуваат кога не се чувствуваат најдобро на тоа поле.

На прашањето дали при избор на партнер е важен изглед, Каролина вели:

-Изгледот е само прв впечаток и искрено, се помалку ми е важен. Не ме привлекуваат мажи кои се преоптеретени со својот изглед. Ми се допаѓа кога мажот е добро облечен, но не ми се допаѓа кога се гледа дека многу се потрудил околу тоа, вели Каролина.

Таа додава дека од својата дваесетта година води посебна нега, иако не ја плашат брчките и вели дека тоа денес е лесно за решавање.