Фудбал
13. November 2024 - 13:36

Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање

Поранешниот голман на Баерн Минхен и германската фудбалска репрезентација, Оливер Кан, го предупреди актуелниот чувар на мрежата на Баварците, Мануел Нојер да не го пропушта вистинскиот момент за пензионирање, пишуваат германските медиуми.

– Никој не сака да биде исвиркуван на стадионот на крајот од кариерата, изјави Кан.

Поранешниот репрезентативец додаде дека „совршениот тајминг“ би бил на крајот од оваа сезона доколку Баерн може да ја освои титулата во Лигата на шампионите на својот стадион.

Кан, исто така, го предупреди Нојер дека неговата форма може драстично да падне по неговото повлекување од националниот тим.

– Не ме чуди што на некои од натпреварите оваа година не ја гледаме формата на Мануел од претходните сезони, додаде Кан.