Како на филм: Снимка од брутално убиство во Подгорица на газдата на дискотека „Beagle“
Српски „Курир“ објави снимка од бруталната ликвидација на Миодраг Крушчиќ, сопственик на популарната дискотека Beagle, кој беше застерлан во населбата „Стари аеродром“ во Подгорица.
На снимката може да се види крупен човек, облечен во црно, со качулка на главата и силиконска маска на лицето, кој се приближува на масата каде Миодраг седи со новинарка од „Вјести“ и пука во него. Крушчиќ, кој го забележал како доаѓа, станува од масата, но убиецот веќе пука во него.
За решителноста на убиецот најдобро зборува и фактот дека Крушчиќ, повреден, се обиде да избега, но по два – три метри паѓа на тревата. Убиецот потоа се доближува и пука уште неколку пати во него, а потоа си заминува по истиот пат, од каде што дојде.
И додека трае полициската истрага, се претпоставува дека Крушчиќ е нова жртва на војната помеѓу мафијашките кланови во Црна Гора.
Ново на Сител
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење