Македонија
22. August 2024 - 16:38

Како избега Блерим Рамадани - Власта и опозицијата и понатаму со меѓусебни обвинувања

Поранешниот војник на УЧК, Блерим Рамадани избегал од куќен притвор преку шема која ја крие министерството за внатрешни работи, тврдат од опозициската СДСМ. Му дадоа ултиматум на министерот Тошковски од 24 часа, да каже како Рамадани избегал од Македонија и дали институциите му помогнале во бегството. Тврдат дека поседуваат информации во кои МВР е вмешано со бегството на Рамадани кој е обвинет за воени злосторства и доколу министерот за внатрешни работи не и открие на јавноста како Рамадани ја напуштил Македонија дури бил во куќен притвор, ќе го откријат скандалот.

Премиерот Мицкоски, ги охрабри СДСМ доколку имаат докази да ги обелоденат, но вели дека станува збор за интриги од опозициската партија бидејќи во скандалот е вклучен како што вели партискиот судија Пајазит Пајазити.

Според ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ шири лаги, а единствен одговорен за бегството на Рамадани е судијата Пајазити, кој опозицијата се обидува да го заштити.

Го повикаа Судскиот совет зошто се уште молчи за судијата Пајазити, каде беше формирана комисија која треба да утврди дали имало пропусти кај судијата.

Поранешниот војник на УЧК обвинет за воени злосторства, баран со потерница од Србија беше уапсен на македонска територија  минатиот месец. Откако беше 15 дена во ефективен притвор, судијата Пајазит Пајазити му одреди куќен притвор. По барањето на Обвинителството да се врати во притвор во Шутка кое беше одобрено од судот, Рамадани истиот ден избега на Косово.

Откако Кривичниот суд донесе решение со кое наведе дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Рамадани, денеска Врховниот суд го укина таквото решение и го врати на повторно одлучување во Кривичен. Според Врховен одлуката на Кривичен е нејасна и неразбирилзива и при одлучувањето  Кривичниот суд треба да води сметка и на Европската конвенција за екстрадиција.