Јужна Кореја најави затворање на индустрискиот комплекс Каесонг
Јужна Кореја соопшти денеска дека ќе ги прекине активностите во заедничкиот индустриски парк со Северна Кореја, како одговорот за неодамнешното лансирање на севрнокорејската ракета со голем дострел, јави Јонхап.
Јужнокорејскиот министер за обединување Хонг Јонг-пјо изјави на прес-конференцијата дека прекинот на работата во индустриската зона во севернокорејскиот пограничен град Каесонг, ќе ја спречи Северна Кореја да ги користи девизите заработени во комплексот за развој на својата нуклеарна и ракетна технологија.
Комплескот, кој започна со работа во 2004 година, според Хонг, на Северна Кореја и обезбедува приходи од 560 милиони долари.
- Изгледа дека тие средства не се користат за трасирање на патот кон мирот, како што се надеваше меѓународната заедница, туку за развој на нуклеарно оружје и ракети со голем дострел, изјави Хонг.
Министерството за обединување во посебно соопштени нагласи дека Владата во Сеук решила комплексот „да згасне во целост“.
Јужна Кореја ќе им плати отштета на компаниите кои работат во Каесонг, инфромира јужнокорејското Министерство за финансии.
Северна Кореја засега не регираше на оваа одлука на Сеул.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ