Македонија
6. July 2016 - 16:41

ЈП „Солидарност“ од Виница со нова опрема за намалување на загубите на вода

Јавното  комунално претпријатие „Солидарност“, актуелните загуби на вода кои достигнуваат и до 45 проценти ќе ги редуцира со нова техника. Набавена е дигитална опрема за брзо и лесно откривање на дефеците во водоводната мрежа.

- По инсталирањето  на новата опрема се надеваме дека загубите ќе бидат намалени, бидејќи навреме ќе се откриваат дефектите.Тие загуби за наредните 2 до 3 години очекуваме да се намалт и до 40 проценти, изјави  Игор Спасовски, директор на ЈП „Солидарност“ од Виница.

Во овој проект се вклучени  три општини од државата и тоа Гевгелија, Виница и Кочани. 

Новата опрема е во вредност од 19 илјади евра само за Виница,  а е обезбедена преку ГИЦ и Агенцијата за техничка помош на Швајцарија.