Јовески за МИА: Неизвршениот увид од јавен обвинител на 27 април е најголем пропуст
Најголем пропуст за настанот од 27 април во Собранието е тоа што веднаш не е извршен увид од јавен обвинител, кога веројатноста да се обезбедат трагите и доказите беше поголема. За време на претходниот јавен обвинител не беше буквално ништо превземено, вели во интервјуто за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
-Уште при поднесувањето на обвинението истакнав дека со тоа предметот не е затворен и дека преземаме дејстија за целосно разјаснување на кривично правниот настан и кривична одговорност на сторителите. Во овој момент Обвинителството располага со докази за проширување на истрагата за организатори на настанот од 27 април. Наскоро, Обвинителството ќе покрене истрага и за нив. Голем проблем и одолговлекување на постапката направи непрофесионалното постапување од Обвинителството веднаш по настанот. Најголем пропуст е тоа што веднаш не е извршен увид од јавен обвинител, кога веројатноста да се обезбедат трагите и доказите беше поголема. За време на претходниот јавен обвинител не беше буквално ништо превземено, нагласува Јовески.
Во врска со непостапувањето на тројцата обвинители, Гешковска, Биковски и Цветановски, како што вели, за нивната непрофесионалност поведена е дисциплинска постапка.
-Комисијата одржа неколку седница, ги сослуша обвинителите и сведоците, меѓу нив и поранешниот јавен обвинител на Република Македонија. Очекувам наскоро да донесат одлука за дисциплинскиот предмет и нивната одговорност, истакнува Јовески во интервјуто за МИА кое ќе биде објавено денеска.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?