Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ утре со владина делегација ќе ја посети Република Северна Македонија каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицковски, а ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот, јави дописникот на МИА од Белград.
Според соопштението од Владата на Р. Србија, српскиот премеир ќе биде пречекан во 10:00 часот пред зградата на Владата на Северна Македонија, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски и премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ.
По средбата на двата премиера, предвидена е средба на делегациите на Владата на Северна Македонија и Владата на Република Србија. Потоа ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот помеѓу Министерството за рударство и енергетика на Република Србија и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија.
Предвидени се и изјави за медиумите на премиерите Вучевиќ и Мицкоски.
Како што соопштија од Владата на Р. Србија, премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ, ќе има обраќање и на собирот на кој ќе присуствуваат претставници на српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици