Тенис
31. May 2016 - 15:49

Јотовски лесно се справи со Јаловиец

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски постигна победа во 1.коло на фјучрсот во Сараево. Тој го победи Чехот Марек Јаловиец (718.место АТП) со 2:0 во сетови притоа противникот доби само три гема. 

Јотовски имаше одлична серија во двата сета од десет гема освоени по ред. Јаловиец поведе со 1:0 во првиот сет, кој Јотовски го доби со 6:1, а потоа нашиот тенисер имаше водтсво од 4:0 во вториот сет, па ривалот намали на 4:2 и сетото заврши со 6:2 за Јотовски.
Јотовски имаше 6/12 брејк топки, а Јаловиец 1/7. Мечот траеше 77 минути.
Во второто коло Јотовски ќе игра против Лорен Локоил (Франција), кој со 7:5 и 6:1 го победи Матео Херман - Зуниќ (Германија). Французинот сега на 719.место на АТП листата, а лани бил рангиран на 207.место. Воедно има настап оваа година на Австралија Опен и во квалификациите на Ролан Гарос.