Јавна опомена за Валентина Васевска и Енес Ибрахим поради судир на интереси
Државната комисија за спречување на корупцијата констатира судир на интереси кај Валентина Васевска и Енес Ибрахим поради кумулација на функции и повреда на Законот за спречување судир на интерси, поради што донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.
Валентина Васевска, како што соопшти денеска ДКСК, истовремено со функцијата член на Советот на Општина Македонска Каменица ја извршува и функцијата член на Надзорен одбор на ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица.
Енес Ибрахим истовремено со функцијата пратеник во Собрание на Република Македонија е и управител на трговско друштво – Друштво за филмска и музичка продукција, авторски права и услуги „ЌУМЕДИА“ ДООЕЛ Скопје.
- Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата согласно член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции, се наведува во соопштението.
Валентина Васевска и Енес Ибрахим, како што велат од ДКСК, не постапија по барањето на Државната комисија, поради што според Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.
Ново на Сител
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни