Македонија
3. February 2025 - 16:36

Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни

Од ракав ставале цени, билдале високи профити. Утврдени се нелогичности кај голем број трговски субјекти. КЗК и Пазарна во контрола на ТОП 10-те маркети и над 800 нивни продажни единици. Се чешлале договорите од септември до крајот на  јануари. 

Констатирале дека во периодот кога имало одредени владини мерки, како замрзати цени или маржи на 1,000 производи, цените на останатите неконтролирано се зголемувале. Во моментов се прават детални анализи и според информации на Сител, деновиве ќе бидат изречени и првите казни. 

Во меѓувреме – граѓаните денеска повторно повикуваат на бојкот. Два дена да не се пазари во двата најголеми маркети, а во петок останува непазарењето во сите. Бројките кои ги објави УЈП покажуваат за преполовен промет минатиот петок, додека пак во сабота прометот бил зголемен за 11 отсто во однос на претходната сабота.

Слични бројки за намален промет за скоро 50% објавија и земјите од регионот, кои по примерот на Хрватска одлучија да ги бојкотираат маркетите, со надеж дека ќе ги поевтинат основните прехранбени продукти. 

 За овој петок на бојкотот ќе се приклучат и граѓаните во Косово, каде според организаторите, цените на храната се над европските. Литар млеко во Косово се продава за 1,35 евра, во Португалија е 0,97, Германија 1,14, Белгија 1,17 евра. Иако цените во Косово и Полска се слични, платите се тројно повисоки во Полска. Само минималцна таму е над 1,700 евра, додека во Косово 500 евра.