Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош

Во текот на 2024 година, скоро 1.700 граѓани на Македонија добиле бугарски пасоши, продолжувајќи ја трендот на барање подобри услови за живот во Европската унија. Ова го потврдува годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство, објавен од бугарското радио БНР, кое се повикува на податоци од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова.
Според извештајот, во текот на минатата година вкупно 16.500 луѓе го добиле бугарското државјанство, што претставува зголемување од 4.000 во споредба со 2023 година. Најголем број апликации пристигнале од Украина (2.400 лица), следени од Турција (2.200) и Молдавија (1.800). Северна Македонија е на четвртото место со скоро 1.700 нови бугарски државјани.
Извештајот исто така наведува дека интересот за бугарско државјанство продолжува да расте во регионот и пошироко. Во 2024 година биле издадени 227 декрети за промена на државјанство, а повеќе од 11.700 лица го добиле државјанството преку потекло или општа натурализација.
Истовремено, околу 4.500 лица го вратиле бугарското државјанство, додека за 38 апликанти процесот на натурализација бил прекинат поради различни нерегуларности, вклучувајќи и користење на фалсификувани документи. Одбиени се скоро 6.000 барања за бугарско државјанство.
Ново на Сител
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
