Македонија
3. February 2025 - 16:45

Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат

Еден час пред да биде грабната Вања, обвинетите за нејзиното убиство биле лоцирани пред зградата во која живееше. Ова го откриваат снимките од безбедносни камери кои денеска во судницата ги презентираше обвинителството. Пристигнале со цитроенот на претходно убиениот велешанец Панче, а со реното со кое управувал Палевски се здружиле во Визбегово. 

Според одбраната, тврдењата дека на едно од видеата се препознаваат дел од обвинетите ги сметаат за неточни. Велат, обвинението било аматерски изработено.

Беа презентирани и фотографии од местото каде бил пронајден застреланиот Жежовски. Завиткан со црни вреќи бил пронајден во дупка длабока два метри кај Велес.

Судењето продолжува во петок, ќе сведочи Гоце Трајковски кој заедно со таткото на Вања обезбедувале снимки но и прв ги поврзал двете убиства.