Македонија
27. јуни 2018 - 8:39

Јавен состанок на АВМУ за воведување 5Г мобилна технологија

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе одржи втор јавен состанок за годинава, на кој, меѓу останото, ќе бидат презентирани потребните активности и мерки за воведување 5Г во Македонија. 

На јавната расправа директорот на АВМУ Зоран Трајчевски ќе ги претстави реализираните активности на Агенцијата за вториот квартал годинава.