Јавен повик за ИПАРД кон крајот на јули
Кон крајот на овој месец ќе биде објавен уште еден јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година.
Како што соопшти Платежната агенција, повикот ќе трае најмалку 45 дена, а ќе се однесува на мерките 101, 103 и 302 - за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на евгропските стандарди, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.
- Претстојниот јавен повик ќе ги зголеми можностите по однос на типот инвестиции, обемот на потенцијалните корисници, набавката на различна земјоделска механизација вклучувајќи и трактори, како и финансиските лимити за крајните корисници на финансиската поддршка, информира Агенцијата.
Правилата за користење на финансиските средства налагаат претходно склучување договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка и релевантни институции за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот