Балкан
11. July 2016 - 11:47

Изопачена свест на монструмот: Анѓелина ме сакаше и јас ја сакав неа!?

Анѓелина ме сакаше. Се познававме добро. Заедно одевме на прошетки...Јас ја убив, детали од ужасното сослушување на Владица Рајковиќ (28).

Тој ѕверски ја силуваше и ја уби со тупаници и камења тригодишната Анѓелина Стефановиќ во селото Вратарница кај Зајечар.

Неговото сослушување не траеше долго и само на почетокот не одговарал на прашањето на инспекторите што е со детето кое последен пат е видено со него.

По увидот при кој тврдеше дека тој ја сакал неа и признал дека ја убил тригодишната Анѓелина и понудила да покаже каде го направил тоа. Полицајците ги однел до место околу 600-700 метри подалеку од куќата каде со жртвата бил на прослава на роденденот на детето на неговиот брат.

Mali anđeo (Foto: Kurir)

Детето е пронајдено, како и што го оставил, да лежи на стомак, но и веднаш се гледало дека телото е масакрирано. Мајката на девојчето веднаш го пријавила исчезнувањето, а на полицајците мештаните од малото село Вратарница кај Зајечар им рекле дека го виделе осомничениот како заминал со детето.

Тој набрзо е уапсен, но и мештаните дознале дека ѕверски го силувал тригодишното дете, а потоа го измасакрирал. Мештаните, штом дознаа дека го силувал детете, му ја распорил утробата и му го унакзил лицето, навалиле на Рајковиќ, додека полицијата го носела. Дошло до туркање и борење и полицајците едвај успеале осомничениот да го спасат од линич. Гневните мештани навалија и на полициското возило во кое полицајците едвај го сместиле Рајковиќ, па го скршиле ретровизорот.

Осомничениот на сослушувањето потврдил дека го одвел девојчето од роденденот на кој и тој бил повикан. Раскажал дека испил неколку пијачки, но не навел дека детето го убил поради пијанство. Рајковиќ претходно не е кривично гонет, и никогаш не бил под кривична истрага. Прекршочно бил казнуван само поради пијанство.

Според зборовите на мештаните, никој ни во сон не можел да претпостави дека е способен да направи таков злосторство.

Се истражува и исчезнување на жена

Владица Рајковиќ вчера во полиција е испрашуван и во врска со исчезната соселанка Драгана Станковиќ (47), со која имал судски спор. Рајковиќ негирал дека има било каква врска со нејзиното исчезнување и се согласил на полиграф.

Меѓутоа полицијата и натаму го истражува и проверува движењето на Рајковиќ во врска со исчезнувањето на Станковиќ.