Македонија
14. November 2017 - 9:19

Изложба на карикатури по повод 73 годишнината од ослободувањето на Ѓорче Петров

Изложбата на карикатури создадени во рамките на проектот „Доза на сатира за здрава демократија“ ќе биде отворена денеска во Домот на културата во општина Ѓорче Петров, по повод 73 години од ослободувањето на Ѓорче Петров.

Изложбата е во организација на Остен, а проектот е поддржан од американската Амбасада во Македонија. Таа ќе биде отворена до 20 ноември.

Карикатурите беа создадени на креативните работилници предводени од познатиот карикатурист Драган Поповски, на кои учествуваа ученици од СОТУ „Ѓорги Наумов“ и СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола и ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ од Скопје, ОУ „Наим Фрашери“ од Тетово и гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип.