-->
-->
Изложба графики нa Стефан Јакимовски во Крива Паланка
-->
Во Градскиот музеј на Крива Паланка синоќа беше отворена изложбата графики „Дневник 8“ на младиот автор од градот Стефан Јакимовски.
Изложени се десет дела работеени во три графички техники, а поставката всушност претставува дипломски труд на Јакимовски.
- Годината ја почнавме со кривопаланчанец, а така и ја завршуваме, со и зложба на младиот автор Јакимовски. Предвечерието на големиот празник Свети Климент Охридски го одбележуваме со уметничко творештво, зашто Св. Климент е прдвесник на она што се вика култура и творештво во Република Македонија, изјави директорот на Музјето Драган Величковски.
Изложбата опфаќа десет дела, работени во дрворез, линорез и бакропис. - Секое дело го претставува месецот во кој е работено, така и се именувани, а содржат симболи на нешта кои се случуваа во мојот приватен живот во секој од тие месеци. Како целина, делата го отсликуваат она што го работев во четвртата година од студиите на Факултетот за ликовни уметности, рече Јакимовски.
Со ова се затвора изложбената програма на ЛУ Градски музеј Крива Паланка за 2016, а поставката ќе биде изложена во уметничката галерија до средината на јануари следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина