-->
-->
Избрани невестата и младоженецот за манифестацијата Пијанечко-малешевската свадба
-->
Милена Параскова од Пехчево и Драган Аговски од Берово годинава ќе бидат невестата и младоженецот на традиционалната културна манифестација Пијанечко-малешевска свадба.
На денешното потпишување на договорите со избраните младенци, Зенил Реџепов од КУД „Гоце Делчев“ од Делчево, организатор на манифестацијата, истакна дека на конкурсот за невеста и младоженец на јубилејното 10 издание на традиционалната свадба се пријавиле четири пара.
- Комисијата одлучи, годинава главни актери на традиционалната свадба да бидат 25-годишната Милена Параскова од Пехчево и 28-годишниот Драган Аговски од Берово со што свадбата оваа година го покажува регионалниот карактер што е многу значајно и што го покажува и самото име на оваа манифестација, рече Реџепов.
Тој додаде дека оваа културна манифестација веќе е бренд на источна Македонија, а целта има два значајни аспекти.
- Од една страна сакаме да ги сочуваме од заборав старите свадбарски обичаи кои под удар на новото време се губат, а дел се и изгубени, но исто така, оваа културна манифестација е спакувана и како туристичка понуда од регионот.Традицијата, како и секоја година ќе ја испочитуваме со Пијанечко-малешевска свадба. Во нашиот регион во Пијанец и Малеш, од село до село, се разликуваат обичаите. Направивме и оваа година едно комплексно истражување, ни останува уште еден месец за подготовка. Сега, кога веќе ги имаме младоженците, да се потсетиме на обичаите во беровскиот регион, потоа и во пехчевскиот регион, рече Реџепов.
Да се круниса љубовта со свадбарски обичаи чувани во спомените кај старите малешевци е предизвик и за Милена и за Драган. Нивната љубов трае веќе две години, а пред извесно време склучиле граѓански брак. Таа е дипломиран економист и работи во фирма во Пехчево, додека Драган е дипломиран криминалист и во моментов работи како келнер во Берово.
- Предизвик ни се обичаите, сакаме да ја негуваме македонската традиција. Посебна чест ми е да ја носам традиционалната малешевска невестинска носија. Веќе имаме договорено невсетинската малешевска носија да ја земеме од наши постари роднини, со цел да биде автентична малешевска свадбарска носија, рече Милена.
За младоженецот Драган претставува посебно задоволство што ќе бидат младоженци на јубилејната манифестација која го промовира регионот.
- Љубители сме на старото, традиционалното, ќе ни биде задоволство нашата љубов да ја кринусаме онака како порано се крунисувала љубовта, со старите адети, рече Драган.
Малешевските свадбарски обичаи, годинава ќе се изведат на летната сцена во Делчево. Пијанечко- малешевската свадба годинава ќе биде придружна манифестација на 40-то јубилејно издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Делчево 2016“ каде ќе настапат 15 фолклорни друштва од земјава, од Турција, Србија и од Бугарија. Овој фестивал за прв пат ќе има и натпреварувачки карактер, а вештината на играорците ќе ја оценува публиката, но и стручно жири составено од реномирани имиња од областа на фолклорот од земјава и од соседството.
Десеттата традиционална Пијанечко-малешевска свадба и 40-от Меѓинароден фолклорен фестивал ќе се одржат на 2 и 3 септември во Делчево. Свадбарскиот ручек со сите придружни обичаи ќе се одржи, по традиција во сабота на 3 септември.
Организатор на свадбата е КУД „Гоце Делчев“ од Делчево, покровител е Општина Делчево, а партнери се соседните општини и Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ