-->
-->
Избегната трагедија: Автобус со патници за малку не беше „голтнат" од џиновска дупка на патот
-->
Дупка широка неколку метри се отвори на автопат во кинескиот град Нанин, буквално под тркалата на автобус, но возачот, за чудо, успеал навреме да го избегне пропаѓањето, само миг претходно.
Настанот е снимен од неколку камери, а на Јут јуб каналот на кинескиот портал „Пиплс Дејли“ се појави и видео од оваа случка за рубриките „Верувале или не“.
На снимките јасно се забележува тресокот и катастрофата што патниците „за влакно“ ја избегнале. За среќа, возачот навреме ја проценил опасноста и во вистинскиот момент нагазил на педалата за гас. Зад тој автобус имало и друг, којшто пак, ја избегнал несреќата бидејќи возачот навреме запрел.
Извештаите велат дека нема човечки жртви, а улицата се санира.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка