Иванов го прими босанскиот министер за безбедност Мектиќ
Можностите за продлабочување на билатералната соработка во сферата на безбедноста, бегалската и мигрантската криза, како и безбедносните предизвици со кои се соочува регионот, беа во фокусот на разговорите на денешната средба на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов и Мектиќ изразиле целосна подготвеност за тесна соработка во борбата против терористичките закани и борбата против сите форми на организирани криминални активности.
Посочувајќи дека странските борци ја користат балканската бегалска рута, претседателот Иванов и министерот Мектиќ, укажале на потребата од поинтензивна регионална соработка и воспоставување подобра комуникација и координација меѓубезбедносните служби во регионот.
- На средбата беа разменети мислења и за соработката, размена на искуства и заеднички настап пред меѓународните организации, со цел имплементација на мерките за де-радикализација и контра-радикализација, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"