Македонија
25. February 2025 - 12:19

Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови

Ако имаат добра шанса за работа младите по завршување на високото образование би останале во својата држава. Најголем дел од анкетираните штипски студенти велат дека, иднината во својата професионална кариера ја гледаат во Македонија.

- Бев на Еразмос и тоа беше добра прилика да се запознаеме со Програмите во странство и нивните Универзитети, меѓутоа јас се гледам себе си во Македонија и сакам преку такви програми да приберам повеќе знаења и стекнатото знаење да го вложам овде, во нашата држава.

- Со оглед на тоа дека сум студентка на Катедрата по македонски јазик и книжевност, никако не гледам кариера во странство и сакам да градам иднинадефинитно овде.

- Доколку имаме прилика во Македонија да работиме би останале, доколку нема, подобро е да бараме опција во странство. 

- Не, овде се пронаоѓам, не гледам во странство иднина, тука ми е подобро.

Согласно извештајот на Државниот завод за ревизија, Македонија се соочува со голем губиток на високостручни и научни кадри. Истражувањата на УГД говорат дека условите за прифесионален развој се пресудни во одлуката за останување во државата.

- Анализите покажуваат дека 60% би останале во сопствената локална средина или во блиската локална средина, ако имаат квалитетен концепт на образование и ако имаат квалитетни елементи за продолжување после образованието на пазарот на трудот или она што претставува граѓанско општество- изјави Кире Барбареев, УГД-Штип

На младите академски граѓани треба да им се даде шанса за развој во нивните најпродуктивни години. Перцепцијата за иселување кај младите се намалува, па ако  пред 10 години 77% се изјасниле дека сакаат да живеат во странство, сега се 56%.