Иванов-Чавушоглу: Продлабочување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и турскиот министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на денешната средба во Скопје разговарале за натамошното продлабочување на билатералните односи и зголемување на соработката меѓу Македонија и Турција.
Двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Иванов, изразиле задоволство од традиционалното пријателство и партнерство, како и од интензивната комуникација и соработка во сите сфери од заеднички интерес, кои се потврда за одличните односи меѓу Република Македонија и Република Турција.
Изразувајќи благодарност за цврстата и принципелна поддршка на Република Турција во однос на нашите стратешки цели, претседателот Иванов нагласил дека Република Македонија високо ја вреднува поддршката од Турција за употребата на уставното име на Република Македонија и интеграцијата на земјата во НАТО.
- По решението на политичката криза време е да се создаде нов поттик за членството на Република Македонија во НАТО. Како и досега, ја очекуваме вашата отворена и гласна поддршка, истакнал на средбата претседателот Иванов.
Министерот Чавушоглу ја реафирмирал поддршката што Република Турција ја дава на европските и евроатланските интеграции на Република Македонија, укажувајќи дека Република Турција ќе биде доследна на таа континуирана поддршка.
Македонскиот претседател и министерот Чавушоглу размениле мислења и информации за состојбите во регионот, за прашањата од надворешно политички интерес за двете земји, како и за потребата од поголема соработка меѓу безбедносните служби на Република Македонија и Република Турција. Во таа насока, претседателот Иванов ја истакнал потребата од размена на информации меѓу полициските служби и службите за разузнавање, преземање на заеднички акции, како и изнаоѓањето на ефективни средства и методи за превенција и борба против ширење на насилен екстремизам и тероризам.
Двајцата соговорници ја поздравиле економската соработка, со очекување за нејзино натамошно интензивирање, како и плодната соработка на полето на одбраната. Македонскиот претседател се заблагодарил за логистичката поддршка за опремување, едукација и обука на АРМ, како и за досегашната хуманитарна помош добиена од Република Труција.
Според агендата, министерот Чавушоглу ќе биде примен од премиерот Зоран Заев, а ќе има средба и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Ново на Сител
-
Вонредна седница на Владата
-
Зошто пропадна тендерот на ЈСП за набавка на нафта?
-
За влакно избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ
-
Се лансира правосудна мрежа за борба против корупцијата
-
Директорот на Детска контра решението на ДСЗИ – Системски проблем не се решава за 30 дена
-
Со мерки за старите возила Владата сака да го намали аерозагадувањето – За екоактивистите потребен е долгорочен план
-
Киев: Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета - Москва молчи
-
Министерот за транспорт и уште 10 лица уапсени во Нови Сад