Иван Џолев нов претседател на Скопскиот кривичен суд
Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница со 11 гласа „за“ и два „против“ Иван Џолев го избра за претседател на Основниот суд Скопје 1.
За ова место, како што МИА веќе објави, се кандидираа судиите Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.
Судијата Оља Ристова ја повлекла кандидатурата за претседател на Скопскиот кривичен суд, информираа на седницата на Судскиот совет.
Претходно беше констатирана оставката на в.д. претседателот на Скопскиот кривичен суд Стојанче Рибарев кој, како што беше речено на седницата, оставката ја поднел поради здравствени причини, односно хируршка интервенција.
Советот денеска ќе ги разгледа и оцени извештаите за работата на судовите за третото тримесечје од годинава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?