-->
-->
Италијанската полиција уапси шеф на калабриската мафија- Ндрагета
-->
Италијанската полиција денеска уапсила бос на калабриската мафија-Ндрангета, кој организирал незаконски операции од јужна Калабрија до Ломбардија, информираа американските медиуми.
Невооружениот Марчело Песке бил приведен рано утринава, откако бил откриен во куќа во бастионот на овој мафијашки клан - Розарно. Полицијата уште уапсила татко и син, кои биле сокриени во истата куќа.
Песке беше во бегство од 2010 година, а подоцна во отсуство беше осуден на 16 години и осум месеци затвор за врски со мафијата. Тој се смета за еден од најсилните босови на калабриската мафија.
Министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано изјави дека апсењето го потврдува секојдневниот ангажман на Владата за борба против организираниот криминал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот