-->
-->
Исповед на жена од Србија - На почетокот, се беше во ред меѓутоа кога заминавме...
-->

Макфирета Шаќири, една од жените од Србија која се вратила од Сирија, открила како изгледа животот во Исламската држава.
Сопругот ми објасни неколку работи во врска со Исламот и одлучив да се придружам. На почетокот, се беше во ред. Меѓутоа кога заминавме од Сирија, се се промени, раскажува Макфирета.
Водејќи дете со себе, таа премината од Турција во Сирија и таму поминала 3 месеци во Раки, која се смета за престол на Исламската држава. Таа таму била сместена во стан за жени и деца.
- Тука имаше жени од Франција, Германија, и Швајцарија... Исто така тука беа и жени од Загреб, Белград, но највеќе од Босна, вели таа.
-Едвај разбирав што се случува околу мене. Бев сама и преплашена цело време. Се плашев за себе но највеќе за своите деца.
Нејзиниот брат е убиен во војната во Сирија. Таа во фебруари 2014 со сопругот и своето дете се вратила во Србија.
Како таа кажува, на нејзиниот сопруг му било наредено така да направи.
По враќањето во Србија, Специјалното обвинителство го обвинило нејзиниот сопруг Ферат Касумовиќ (32), за врбување на српски државјанин за џихад во Сирија, кој таму загинал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари