-->
-->
Интерпол распиша потерница по петмина осомничени за настаните во Собранието
-->
Петмина државјани на Македонија се бараат со меѓународна потерница на Интерпол во врска со настаните на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Како што е објавено на веб страницата на МВР, од денеска со меѓународна потерница се бараат Никола Митревски - Кољо, Александар Василевски - Нинџа, Младен Додески, Деан Давидовски и Митре Питроповски.
Ним им се припишува делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните од 27 април во Собранието.
Досега се бараа само со домашни потерници.
Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор, а штом ќе бидат пронајдени веднаш ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек