Институт за проучување на војна: Русија не е подготвена на никакви значајни отстапки во врска со Украина
Русија не покажува „никакви знаци дека е подготвена на значајни отстапки во врска со Украина“, објави денеска американскиот Институт за проучување на војната (ISW).
Овој тинк-тенк истакнува дека, иако руски и американски претставници се сретнаа во Саудиска Арабија за да разговараат за војната во Украина, целите на рускиот претседател Владимир Путин остануваат непроменети.
Според извештајот на Ен-Би-Си, на кој се повикува ISW, западните разузнавачки служби и американски конгресни претставници тврдат дека Путин сè уште има за цел целосна контрола врз Украина и дека неговите амбиции се „максималистички“.
„Шест извори потврдија дека Путин би можел да прифати примирје или мировен договор само за да ѝ овозможи на руската армија да се прегрупира и обнови.
Постојат индиции дека тој би влегол во преговори само за да види какви отстапки може да добие и да се реинтегрира во меѓународната заедница“, се вели во анализата.
Дополнително, двајца конгресни претставници и поранешен висок функционер на американската администрација нагласуваат дека „широките амбиции“ на Путин останале непроменети од времето на администрацијата на Бајден.
Според ISW, ниту една разузнавачка проценка не покажува дека Путин ја сменил својата стратегија за победа во Украина, а официјални изјави од Москва укажуваат дека Кремљ нема намера да преговара со искрени намери.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило