-->
-->
Иницијатива за свикување собраниска седница за избор на претседател на Косово
-->
Пратеници од редовите на косовската владејачка коалиција започнаа со собирање потписи за свикување вонредна седница на Парламентот на која ќе се гласа за избор на претседател на Косово, јави Танјуг.
Единствен кандидат за претседател засега е лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, чиј заменик на партиската функција Енвер Хоџај пред неколку дена за „Зери“ изјави дека неколку пратеници веќе ја потпишале иницијативата за свикување вонредна седница.
- Кога ќе бидат предадени потписите зависи од координаторот на пратеничката група во соработка со претседателот и претседателот на Собранието, истакна Хоџај.
Според косовскиот Устав, претседателот на Собранието може да свика вонредна седница на барање на најмалку 40 пратеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката