Инцко: Одлуките на Уставниот суд се обврзувачки во секоја земја
Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко изјави денеска дека одржувањето на референдумот во Република Српска се уште е хипотетичко прашање и дека до тоа случување има уште седум дена, нагласувајќи дека одлуката на Уставниот суд во која било земја е обврзувачка, јави Фена.
Инцко го наведе примерот на Австрија, каде ќе бидат повторени изборите за претседател на државата, бидејќи така одлучи Уставниот суд, иако најмалку половина од државјаните не се согласуваат со тоа.
- Одлуките на Уставнот суд во БиХ се конечни и обврзувачки, нагласи високиот претставник во БиХ и додаде дека никој не треба да ги коментира.
Фена наведува дека високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ порачал дека меѓународната заедница ќе остане во БиХ до оној момент кога целосно ќе почнат да се почитуваат законите и Уставот на БиХ, и додека таа не стане земја во која, наместо луѓето да се иселуваат, ќе се вселуваат.
Инцко заклучи, дека во случај референдумот да биде спроведен, нема да има уставна и правна сила, што е веќе изјаснето од Уставниот суд на БиХ, додавајќи дека за тој референдум нема ниту списоци од Централната изборна комисија.
Референдумот во Република Српска за 9 јануари како Ден на републиката, закажан е за на 25 септември.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите