И официјално потврдено дека Груевски преку Албанија заминал за Унгарија
Албанија и официјално потврди дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Унгарија заминал преку Албанија.
Секторот за граница и миграција при албанската државна полиција во вечерашното соопштение наведува дека Груевски Албанија ја напуштил преку преминот Хан Хоти-Муриќан,на албанско-црногорската граница.
– Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Република Албанијана на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A,сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана, соопшти албанската полиција.
Исто така, се наведува дека на денот кога Груевски бил на територијата на Албанија не постоела никаква потерница од Македонија или Интерпол.
– На 11 ноември 2018 година за лицето Никола Груевски не постоеше никаква информација на нашите премини или потерница дека се бара. Интепрол Скопје на 13 ноември во 19:35 часот испрати информација до Интерпол Тирана дека лицето Никола Груевски се бара со меѓународна потерница,- се наведува во соопштението.
Сепак во него не се наведува ниту збор за тоа преку кој граничен премин Груевски влегол на албанска територија.
Медиумите претходно јавија дека од прегледот на TIMS системот на премините, произлегло дека тој на албанска територија не влегол преку официјален премин,што ја остава отворена можноста дека тоа да го направил илегално преку зелениот појас, по што бил во унгарската амбасада во Тирана,каде и побарал азил.вт
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри