Хуманитарна претстава за лекување на двегодишниот Лука
„Театар Крик“ денеска и утре напладне во Македонската опера и балет ќе изведе претстава за деца „Маша и нејзината волшебна приказна“ и собраните средства од влезниците ќе ги намени за лекување на двегодишниот Лука Јовановски во Турција.
- „Маша и нејзината волшебна приказна“ е најновата претстава на „Театар Крик“ во која како наратор се појавува добро познатиот лик на децата - Маша од цртаните филмови. Претставата изобилува со голем број поуки, но и со многу комични ситуации, прилагодени на возраста на публиката. Во оваа претстава се користи интеракцијата со децата, како посебен и веќе проверен сценски израз, кој се покажа како одличен метод за одржување на вниманието кај децата-гледачи, соопшти театарот.
Во претствата, која ќе се одигра на Мала сцена на МОБ, играат актерите Мирјана Поповска-Ристов, Роберт Ристов и Сашо Ристовски.
Цената на билетот е 200 денари.
За лекувањето на малиот Лука во Истанбул се потребни 20.000 евра. Сметката на која може да се донира е: 380176980603113.
Ново на Сител
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените