Хорор: Питон со денови живее во детска соба покрај дете што си играло во неа
Џиновски питон е отстранет од куќа каде со денови престојувал, затскриен за пластична детска количка во детската соба.
Андру Смедлер е зоолог од Квинсленд, Австралија кој бил повикан од преплашеното семејство да го отстрани големиот рептил од нивниот дом.
Сопственикот на куќата изјави дека има малечка ќеркичка која обично со играла во таа соба, а навечер и доцна во ноќта тие слушале страшни звуци токму од таму.
Кога сред ноќ ја отвориле детската соба го нашле питонот собран зад детската пластична количка, а кожурецот кој го пресоблекол бил среде собата.
Според семејството питонот најверојатно цела недела бил гостин во нивната куќа.
Рептилот долг 3 метри е остранет од професионалци и пуштен во дивината.
Овие питони не се отровни, но пленот го убиваат давајќи го до смрт. Најактивни се ноќе, и обично се хрант во темница.
Генерално важат за неагресивни и безопасни, освен што изгледаат страшно како и секоја друга голема змија.
ww.
Ново на Сител
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот