Балкан
19. January 2018 - 14:19

Хит во регинот: Во Јагодина осветена протипожарна цистерна, навалица по богојавленска вода - за 2 часа наточени 9.000 литри

Голем број граѓани се собраа пред портите на црквите во Поморавје, Ресава и Левиќ за да го одбележат празникот Богојавление и да однесат дома „богојавленска водичка“.

Во портата на црквата Свети Петар и Павле покрај  пет буриња по 500 литри донесена е и противпожарна цистерна со 9.000 литри вода, која ја освети свештеник.

Црквата Свети апостол Петар и Павле веќе неколку години нарачува противпожарни цистерни, рекоа свештениците од оваа црква. Денеска за два часа и цистерната и бурињата останаа празни.

Јагодина има уште три цркви во кои денеска е служена Богојавленска литургија, а верниците точеа „богојавленска водичка“, по литургијата и литијата околу црквата.