Loading Video...
Ф1
20. November 2021 - 18:13
Хамилтон пред Верстапен на стартот на Гранд-прито во Катар
Актуелниот првак Луис Хамилтон ќе ја има пол-позицијата на утрешната 20-та трка во Формула 1 шампионат што ќе се вози за Големата награда на Катар.
Возачот на Мерцедес, Хамилтон оствари најбрзо време на денешните квалификации, па до својата четврта пол-позиција сезонава стигна пред својот голем ривал Макс Верстапен од Ред Бул.
Од вториот ред трката ќе ја започнат Валтери Борас на Мерцедес и Пјер Гасли од Алфа Таур.
Во пресрет на утрешната трка, а на вкупно три до крајот на сезоната лидерот во Генералниот пласман Верстапен има 24 бодови повеќе од единствениот конкурент за титулата Луис Хамилтон.
Стартотот на утрешната трката е закажан за 15 часот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->