Хајндл: Договор за кризата мора да има пред летните одмори
Договор за надминување на политичката криза мора да има што поскоро, пред почетокот на летните одмори, изјавил за „Нова“ германскиот специјален пратеник Јоханес Хајнл по вчерашната посета на Македонија .
- За Македонија е мошне важно кризата што поскоро да се надмине бидејќи таа не е добра за инвеститорите кои и се потребни на македонската економија, вели Хајндл.
Прашан дали успешноста на неговата посета на Скопје, Хајнд истакнува дека неговата улога е посредничка, а одговорноста за состојбите е на политичките лидери и од нив зависи успешноста на процесот за надминување на кризата.
Јоханес Хајндл вчера во Скопје имаше средби со преставници на партиите потписници на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница.
Тоа беше четврта посета на Хајндл на Скопје од почетокот на мај годинава кога беше назначен за специјален пратеник на министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнамер со мандат да помогне во надминувањето на политичката криза во Македонија.
Ново на Сител
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново