Гугл собира и удојува донации за бегалците
Европа, Северна Африка и Блискиот Исток, се соочуваат со бран бегалци што би можел да се претвори во голема хуманитарна криза, а се смета дека оваа ситуација е најсериозна таква криза уште од Втората светска војна.
Поради тоа од „Гугл“ реагираа и упатија милион евра донации на организациите кои на терен се грижат токму за мигрантите на тие подрачја.
Но, освен тие донации, Гугл организираше собирање и парични средства од самите жители, кои можат да се уплатат на нивните страници. За секоја уплатена донација, Гугл од свој џеб ќе уплати уште толкав износ, и тоа за првите пет милиони евра, додека не се соберат вкупно десет милиони евра во донации.
Сите уплатени средства Гугл по пат на својата организација „Network for Good“ ќе ги проследи на непрофитни организации, кои им помагаат на мигрантите и бегалците.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА