Груевски упати честитка по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица
По повод големиот христијански празник - Успение на Пресвета Богородица, претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски лично и од името на партијата, упати честитка до Поглаварот на Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот, како и до сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, посакувајќи добро здравје, спокој, радост, мир и разбирање во секој дом и во секое семејство.
Славејќи го денешниот голем празник посветен на Божјата Мајка, вели во честитката Груевски, денеска сиот христијански свет се поклонува и помолува на Пресвета Богородица, која со своето Успение го оживотвори светот а со своето посебно место помеѓу Бог и нас, ја зацврсти љубовта на човек кон Бога и љубовта на човек кон човека.
- Празнувајќи го радосното преселување на Божјата Мајка, денес ја споделуваме радоста христијанска, дека нашата заштитничка Пресвета Богородица, преминувајќи од земното кон небесното царство е вечно со нас, и со Својот мајчински покров на наднебесна љубов не благословува и ни дарува поткрепа и благодет. И затоа денес славејќи го овој празник, го славиме богоугодниот живот, добрината, смирението, скромноста и љубовта кон Бога и блиските, за што не учи делото и примерот на нашата голема мајка - Пресвета Богородица, стои во честитката.
Како народ кој столетија наназад, со големо возљубение и неизмерна почит, го слави овој голем христијански празник, денеска, се подвлекува, истовремено ги славиме и традиционалните вредности на нашето општество и на нашите семејства. Вредности, стои во честитката, кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за потребното човечко функционирање и во иднина, бидејќи само така ќе се задржиме на вистинскиот пат.
- Славејќи го денешниот голем празник Ве повикувам заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, меѓусебна љубов, радост, благодети и успеси во секое семејство и во нашата држава. Нека ни е честит и за многу години големиот празник Успение на Пресвета Богородица!, се вели во честитката упатена од лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?