Балкан
29. јуни 2020 - 12:14

Грција задутре го отвора преминот Евзони на границата со Македонија

Грција од среда отвора седум гранични премини на копнените граници со Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Турција, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Во однос на нашата земја, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), додека пак кон останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премина.