-->
-->
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија
-->
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија, со што е потврдено нивното зближување поради руската војна во Украина, јави денеска севернокорејската агенција КЦНА.
Минатиот викенд Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин потпишал договор за меѓусебна одбрана.
Договорот го формализира повеќемесечното продлабочување на безбедносната соработка меѓу двете земји. Русија и Северна Кореја се зближија со почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.
Според украинските власти, околу 11,000 севернокорејски војници веќе се распоредени во Русија и почнале да се борат против Украинците на руска територија, во областа Курск.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нафтата и златото поскапеа по падот на режимот во Сирија
-
Министерството за правда на Јужна Кореја воведе забрана за патување во странство на претседателот Јун Сук-Јол
-
Истражна постапка за лице осомничено за кражби и разбојништва во Скопје
-
Холандија од денеска почнува засилени контроли на копнените граници
-
САД подготвуваат нова воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари
-
Кина повика на изнаоѓање „политичко решение“ во Сирија
-
Грчко МНР: Грција го поздравува падот на режимот на Асад во Сирија
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка