Македонија
2. May 2020 - 15:30

Градоначалникот на Крива Паланка за брусањето на сонцето од Кутлеш

Откако вчера на социјалните мрежи се крена бура околу брусањето на сонцето од Кутлеш во Крива Паланка, се огласи и градоначалникот.

Борјанчо Мицевски во изјава за ТВ Клан истакна дека нема потреба за грижа.

Тој истакна дека на ниту едно знам, ниту еден симбол не му доликува да биде ставен на земја и да биде газен.

На местото на овој симбол ќе биде поставен симбол од грбот на Крива Паланка.