Македонија
9. February 2020 - 16:33

Грција реагира, Димитров бара одговорност од Мизрахи

Шефот на дипломатијата ќе бара разрешување на техничката министерка за труд и социјала. Ако Мизрахи не ја врати таблата на која пишува Северна Македонија тој  ќе се пожали кај техничкиот премиер. Ваквиот потег на техничката министерка предизвикал протесна нота од Грција.

Според Димитров поради пристапните преговори важно е да се почитува Уставот. Дали тоа што Грција ги нема променето таблите на автопатиштата е кршење на договорот министерот вели реакции има и од наша страна.

Пред неколку дена на пресконференција во министерството, Мизрахи ја презентираше таблата со старото уставно име.